Почина велешанецот кој скокна од воз!
Објавено на 5 јули, 2013 во 11:55
Четириесет и четири годишниот велешанец М.А кој пред два дена скокна од возот во движење утринава им подлегнал на здобиените повреди, соопштија од Клиничкиот центар во Скопје.
Тој веднаш по несреќата и здобиените тешки повреди како итен случај беше пренесен од велешката болница во Клиничкиот центар во Скопје.
Таму на лекување се наоѓа и вториот велешанец 21-годишниот К.М. кои исто така има тешки повреди откако на железничката станица во Велес заедно со сега починатиот се качиле во погрешен воз мислејќи дека ќе одат за Гевгелија.
Кога сфатиле дека возот сообраќа кон Скопје одлучиле да скокнат за да се вратат за го стигнат возот со кој требало да патуваат но во спротивна насока. /Б.Н