Банкоматите, во центарот на градот, не работат!
Објавено на 7 јули, 2013 во 12:02
Велешани денеска не можеа да извадат пари од поголем број на банкомати на различни банки во градот. Апаратите во центарот на Велес не беа употребливи.
На дел од нив имаше предупредување дека банкоматите не работат и информации кој други банкомати можат да се користат, претежно во велешката нова населба.
На дел само стоеше класичната информација дека банкоматот е надвор од употреба. Денеска во Велес е пазарен ден и граѓаните имаа поголема потреба од пари.
Неколкумина велешани рекоа дека се почесто имале проблем со подигнување готовина од банкомат за време на викенд. Тогаш апаратите целосно се празнеле а се случувало во понеделник да можат да подигнат пари дури околу пладне./Б.Н