Се распаѓа најстариот хотел во Велес, граѓани го доуништуваат!
Преку скршената врата во приземјето на хотелот Интернационал секоја ноќ внатре влегуваат и рано наутро излегуваат луѓе, тврдат граѓани од Свиларската зграда. Тие повеќе пати гледале како луѓе, организирани во групи , изнесувале дрвени плочи. Други соседи на поранешниот хотел раскажуваат како се атакува и на поновиот дел од зградата. Откако ги искршиле стаклата на прозорците и ги одкорнале влезните сега се изнесува дограма од внатрешноста на хотелот.
– Зградата е претворена во јавен градски тоалет. Но она што е најгрозно се стаорците кои излегуваат од отворената канализација внатре во зградата и се шетаат пред хотелот, рекоа граѓани.
За ова знаат и продавачите од околните продавници како и вработени во фирмите чии канцеларии се наоѓаат на улицата позади хотелот. И тие бараат да интервенира сопственикот на хотелот.
Интернационал од пред неколку години е сопственост на скопски бизнисмен по потекло од велешко Ореше. Тој го купи хотелот во центарот на градот заедно со мотелот Македонија на локација покрај автопатот Велес – Градско, кај Караслари. Тогаш освен во мотелот најави инвестиција за целосно реновирање и на овој хотелски објект. До денеска тоа не се случи./Б.Н