Елеваторите во Гимназија и во „Васил Главинов“ чекаат на идејно решение од архитектите
Се уште не се поставени лифтовите во зградата на Хемиското училиште и Гимназијата и во основното училиште Васил Главинов. Се чека идејното решение на архитектите кои ќе треба да утврдат кое е најдоброто решение за нив, дали да се постават внатрешно или надворешно од објектите. Со нив треба да се овозможи непречено движење на лицата во инвалидкса количка.
„Кога ќе го добиеме идејното решение општината ќе понуди повик за најповолен понудувач за изведба на лифтовите. Можни се две варијанти или да биде надворешен лифт во Васил Главинов или да биде внатрешен и да ги опфати сите катови. Ние тоа ќе го оставиме на стручните лица на архитектите на градежните инжењери на статистичарите. Парите од донаторите се легнати на сметката на општината и во догледно време ќе се наместат, рече градоначалникот Славчо Чадиев.
Елеваторите за двете училишта ќе се обезбедат со грантот што општината го доби од програмата за развој на Обединетите нации УНДП. За оваа намена освен општина Велес, 25 илјади долари доби и општина Кавадарци, која елеватор ќе поставува во општинската зграда. Уште по толку пари општините треба да вложат за да ги намалат архитектонските бариери за лицата со попреченост.
Во градската блиотека има елеватор но тој ретко кога функционира, иако во институцијата секојдневно поминуваат десетици граѓани со хендикеп. Градоначалникот Чадиев вети дека од денеска тој постојано ќе работи./Д.С