Маж осомничен за полов напад над момче
Четириесет и седум годишниот маж бил сосед на дванаесет годишното дете. Тој момчето жртва го намамил во автомобил пред два дена, на 9 март, во попладневните часови со тоа што му понудил превоз до дома. Штом детето влегло во автомобилот осомничениот ги заклучил вратите и почнал да врши полови дејствија на што момчето се спротивставило. Бидејќи детето давало отпор осoмничениот бргу го вратил дома оставајќи го на стотина метри од домот.
Случката била пријавена. Основното јавно обвинителство од Велес донело наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“. Јавниот обвинител побарал а судијата на претходна постапка на Основен суд Велес му определил мерка притвор на осомничениот маж./У.Ј