Велешките ученици најдобри на регионалниот ПП квиз
Објавено на 24 ноември, 2016 во 15:01
Eкипите на ООУ „Блаже Коневски“ и ССУ „Димитрија Чуповски“ ги освоија првите места на денешниот регионален противпожарен квиз натпревар што се одржа на велешко езеро. Ученичката екипа на основното училиште се натпреваруваше во категоријата јуниори додека средношколците во категоријата кадети.
Станува збор за квиз натпревар кои има регионален карактер и се одржува по 32 пат. Во него учествуваа и своите знаења од противпожарната заштита ги измерија екипите победници на општинските противпожарни квизови од градовите Велес, Битола, Крушево, Кавадарци, Валандово и Гевгелија.
Двете велешки ученички екипи ќе се натпреваруваат на држваниот натпревар што ќе се одржи во Неготино, веќе наредниот месец./У.Ј