Велешанец избран за директор на КПД „Идризово“
Објавено на 14 февруари, 2018 во 09:51
Антонио Димов е нов директор на КПД “Идризово”.
Димов е дипломиран економист а ја извршува функцијата извршен секретар на ЛДП. Тој дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп во 1999 година.
Прво се вработил како советник за надворешна трговија во велешката компанија „Брако’. По пет години преминал на работно место во Царинската служба на „Фершпед“ за по седум години да стане финансиски советник на неколку велешки компании. Димов 3,5 години живеел во Торонто, Канада./У.Ј