Камион престигнувал сканија од десна наместо од лева страна и предизвикал сообраќајка на автопатот Велес – Скопје, кај Пуста Кула
Сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило марка „Ивеко“ со кумановски регистарски броеви, управувано од триесет и седум годишниот Б.Т. од Куманово и товарно моторно возило марка „Сканиа“ со скопски регистарски броеви, управувано од педесет и четири годишниот Љ.Т.(54) од Скопје се случи околу 11 часот.. Во несреќата повреден е возачот на камионот марка „Ивеко“ кои со Итна медицинска помош бил префрлен на хирушкото одделение каде неколку часови по укажаната медицинска помош во која му биле санирани здобиените повреди е пуштен на домашно лекување, соопштија од велешката болница.
Несреќата на автопатот се случила пред местото викано Пуста кула. Таму спротивно на сообраќајните прописи возачот на ивекото се обидел да ја престигне сканијата користејќи ја крајна десна а не лева коловозна лента и се удрил во сканијата.
Се до стигнувањето на полицијата на автопатот бил запрен сообраќајот за потоа додека траел увидот да се организира пропуштање на возилата само по едната коловозна лента, рекоа патници.
Резултатите на увидната екипа на СВР Белес ќе покаѓат што точно се случило и било причина за сообраќајната несреќа./У.Ј