Во две сообраќајки вчера настрадаа двајца пешаци на улица во Велес и во Кавадарци
Две сообраќајки, по една во Велес и Кавадарци, се случиле вчера и во нив настрадале двајца пешаци. Граѓаните биле турнати на улиците во двата градови. Во првата сообраќајка што се случила претпладнето во Велес, околу 10 часот, на улицата “Нада Бутнкошарова“ бил удрен седумдесет и пет годишниот пешак Б.Ц од патнички автомобил марка “Фиат Пунто“ со велешки регистарски броеви управувано од триесет и шест годишниот С.Д. од Велес. По незгодата повредениот пешак со возилото учесник во незгодата е однесен на лекарски преглед кај матичен лекар, а од таму е пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес каде се константирани телесни повреди и по извршениот преглед се санирани и тој е пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Велес.
Три ипол часа подоцна на улицата „7ми Септември“ во Кавадарци патнички автомобил марка „Пежо 206“ со кавадаречки регистарски броеви управуван од шеесет и шест годишниот Л.С. од Кавадарци го удрил пешакот Г.С. на дваесет и петгодишна возраст. Повредениот се здобил со телесни повреди за кои бил пренесен на лекување во ЈЗУ Општа болница Кавадарци. Увид во Кавадарци направила екипа од Полициската станица.
Од увидите на двете екипи ќе зависи расветлувањето на околностите под кои се случиле несреќите./У.Ј