Дијабетесот прогресивно се шири во велешко
Годинава, Велес има околу 10% ново заболени граѓани од дијабет во однос на претходната година. Тоа се 648 ново дијагностицирани лица со дијабетес. Во оваа бројка се наоѓаат и две деца, на возраст од две и десет години кои се инсулин зависни. За нешто повеќе од еден процент, споредено со минатата година, е зголемен и бројот на инсулин зависни граѓани. Според анализата на Здружението на лица со дијабетес „Шеќерче – Лолипоп“ болеста прогресира над прогнозирините 8.8% на светско ниво или 9.1% во европски рамки.
– Податоците говорат дека дијабетесот во велешката општина е застапен со 13.57% од вкупното население и е на горната граница на прогноза за Република Македонија која изнесува 13,6%. Важно е да се напомене дека колку и да се изразуваме во преваленци или проценти да имаме предвид дека бројките се всушност личности. Важно е да имаме предвид дека здравјето на секој човек е над се. Важноста на овие пораки е поткрепена со фактот дека во Велес имаме 2 деца на возраст од две и 10 години кои се ново евиднетирани со Тип 1 поточно се инсулин зависни како и дека во градот забележителна е прогресијата на дијабетесот кај жените што споредено со претходната година е повисок за 1% поточно 57 жени се ново заболени, рече Димче Велев претседател на „Шекерче – Лолипоп“ .
Тој додаде дека особено се поразителни информациите кои се однесуваат на децата и младите во Велес. Во оваа возрасна група се констатира зголемената бројка на заболени од т.н. преддијабетна состојба на Дијабетес Тип 2 поточно деца до 17 години кои имаат ендокринолошки здравствени проблеми со Дијабетесот.
– Годинава од 0 до 20 години регистрирани се 23 лица со дијабетес Тип 1 додека лани идентификувани се најмалку 11 деца на возраст од 12-16 години со пред дијабетна состојба. Со 14.62% Велес е над сите релевантни бројки за преваленца, на крајната граница со опфат од 13,6% на државно ниво или 1,02% е далеку над горните поставени граници на глобалните бројки за преваленца од 8,8% и европската од 13%, рече Велев.
Според возраст 33,84 % се од 55 до 64 години а 31,59 % од 65 до74 години. Од евидентираните 6.491 лица со дијабетес 2.896 се мажи или 44,62% од вкупниот број, односно 3.595 се жени или 55,38%.
Со овие податоци е дополнет Регистерот што граѓанското здружение „Шекерче – Лолипоп“ почна да го води од минатата година./У.Ј