Коциќ: Со членство во НАТО – иднината е сигурна!
Не постои семејство во Македонија, не постојат родители, баби и дедовци, на кои безбедноста и мирниот живот на сопствените деца не им е врвен приоритет и од исклучителна важност, рече во денешното обраќање кон граѓаните членот на Советот на општина Велес од редовите на владеачкото мнозинство, д-р Ненад Коциќ. Тој додаде:
„Не постои стопанственик, било да е тоа домашен, или од странство, на кој не му е исклучително важно, неговиот бизнис и вложените пари да бидат на сигурна територија, обезбедена од секаков воен конфликт, обезбедена од секаков ризик од евентуални воени закани.
Со зачленувањето на Македонија во НАТО Алијансата добиваме целосна сигурност, а пред се, сигурни граници и безбедно небо над државата, за безбедна иднина на нашите деца.Македонија станува рамноправна, 30 – та земја членка во најсилниот Сојуз во Светот, признаена и респектирана, со право на глас и одлука !
Со влезот во НАТО Алијансата, влегуваме во безбедносниот штит на најмоќниот воен Сојуз во Светот. Со тоа, трајно ќе ги заштитиме нашите граници и територијата на државата, а Македонија станува фактор на стабилност во регионот.
Почитувани сограѓани,
НАТО Сојузот истовремено гарантира мир, стабилност, безбедност и мирен и спокоен живот!
Шансата што е пред Нас, да си ја заштитиме државата, да обезбедиме гарантиран мир, стабилност, безбедност, мирен и спокоен живот, а со тоа и економски развој и силна економија, НЕ СМЕЕМЕ ДА ЈА ПРОПУШТИМЕ !
Само во безбедни земји има економски развој и инвестиции, кои се предуслов за нови работни места и пристоен живот на сите нас.
НАТО Алијансата тоа го гарантира, ја гарантира нашата безбедност !
Оваа шанса не смееме да ја пропуштиме, не смееме да пропуштиме да си ја осигураме нашата безбедност, безбедноста на нашите деца, а пред се на Македонија !
Затоа, на 30-ти Септември, да излеземе сите на Референдумот и да го дадеме својот глас – ЗА Македонија во НАТО Алијансата, за безбедна држава, за безбеден и мирен живот, за економски просперитет,“ додаде Коциќ.