Шест дечиња со попречености ги користат услугите на Дневниот центар во Велес
Шест дечиња со попречености веќе го посетуваат а родителите на две дечиња , на возраст до 18 години, треба да одлучат дали ќе ги користи услугите на Дневниот центар во Велес. За сите нив се грижи тим составен од психолог, дефектолог и медицинска сестра. Исто како и сместувањето, храната и негата за овие деца е обезбеден и превоз. Нивниот престој е организиран во една поголема занимална во која има и креветчиња за лежење како и во придружен простор, бања и тоалети.
– Овој простор долго време беше нефункционален, немаже обезбедено кадар. Ако добро се сеќавате и беше отворен за Дневен центар со оштетен вид но никогаш не профункционира. Сега се вработени стручни лица преку Центарот за социјални работи кои ќе се грижат за шест дечиња од Велес и очекувам да ги даде очекуваните резултати секако со поддршка на родителите кои што се многу важни во овие процеси. Ваков тип на Центри се потребни од една страна за помош на родителите и од друга страна поради развој и раст на овие дечиња кои што навистина имаат потреба од стимулација а не секогаш може да се обезбеди во нивните семејства, да биде стручна, рече Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Таа се заблагодари на Општина Велес и нагласи дека во процесот е особено значајно вклучувањето на општините поради процесот на препознавање на потребите и проблемите на граѓаните.
Конечно ставениот во функција простор како и подобрувањето на квалитетот на живеење на граѓаните, во случајов на дечињата и на родителите на кои им е неопходен како и стручната помош, влеваат надеж дека во иднина ќе се продлабочува соработката на општината и министерството, рече Градоначалникот Аце Коцевски.
– Се надевам дека во иднина ќе пронаоѓаме и други форми на подобрување на квалитетот на живеење на различните целни групи на граѓани на кои тоа им е неопходно и со тоа можеби во идниот бран на децентрализација овие надлежности ќе преминат во надлежност на Општина Велес за да може како најблиска власт до граѓаните да се грижиме посоодветно за овие дејности. Со Министерката веќе разговаравме за некои планови и се надевам дека тие ќе станат реалност во блиска иднина, додаде Коцевски.
И овој како и Дневниот центар за лицата со попречености на возраст до 26 години е сместен во иста зграда, што е дел од објектот на Подрачната единица на Агенцијата за вработување. Двата Центри се поврзани меѓусебно но имаат различна возраст на корисници, влези и персонал. Тие се под директна надлежност на Центарот за социјални работи во Велес.
– Чест ми е што присуствувам на вака убав настан. Центарот ќе работи според Програмата на Заводот за социјални дејности. Овој Центар пред се е за дечињата и за нивните родители кои во периодот од 8 до 15 часот ќе можат да завршат други обврски или да се вработат. Тоа се однесува пред се на мајките. Имаме пријавени две дечиња од Караслари чии родители сеуште размислуваат единствено заради превозот, кој иако е платен, за нив е проблем тоа што живеат надвор од Велес, рече Директорката на велешкиот Центар за социјални работи Азиза Џини .
Во Центарот за лица со попречености над 26 години престојуваат 16 велешани за кои, исто така, се грижи стручен тим./У.Ј