Лани само 505 пати се слушнал прв детски плач во велешката болница
Од година во година се помалку се слуша првиот плач на новороденчиња на Одделението за гинекологија и акушерство во ЈЗО Општа болница во Велес. Ако таму се одбележувале години во кои како примери се раѓале по 950 до 1.100 во осумдесеттите години на минатиот век или една деценија подоцна кога среќата што станале родители по прв или втор пат ја почувствувале од 800 до 900 родители лани во Велес само 505 мајки го чуле првиот плач на своето новородено дете. На 24 отсто од нив лекарите им помогнале преку оперативен зафат, царски рез додека останатите се породиле по природен пат. Последниот податок е уште по поразителен бидејќи не се однесува само на општина Велес, вели раководителот на одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗО Општа болница Велес спец. д-р Аристотел Тренчев.
– Оваа бројка од 505 извршени породувања се однесува на родилки кои што се од Велес со соседните општини Неготино и Свети Николе. Во неа Велешанки учествуваат со отприлика 60 до 70 отсто. Од вкупниот број на новородени приближно 50% се машки и 50% се женски. Затоа во новата година би сакал да им посакам на Велешанки безбеден и успешен репродуктивен живот секако здравје како за нив така и за нивните деца и семејства и потребата од раѓања да се охрабрат да ја извршат на нашето одделение во велешката болница, рече д-р Тренчев.
Ова е поширок општествено социолошки проблем и се додека не се подобри квалитетот на живот пред се од финансиски аспект тешко дека граѓаните ќе размислуваат за одгледување на побројни семејства, смета градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.
– Сите повикани институции на државата треба да вложат заеднички напори за да се подобри квалитетот на живеење ,за да се чувствуваат семејствата подготвени, за да имаат повеќе деца, рече Коцевски.
Инаку од Одделението за гинекологија и акушерство на велешката болница соопштија дека секоја година водат статистички податоци поврзани со бројот на новороденчиња што потоа ги доставуваат до надлежните државни институции. Крајниот рок за достава е крај на месец февруари во секоја тековна година. И во оваа официјално ќе ги објават на што новинарите побараа тогаш да бидат споредени со изминатите десет години.
Засега може прецизно да се соопшти дека во изминатата деценија велешките татковци не се храбри и не влегуваат заедно со своите сопруги во родилните сали. /У.Ј