Велешанец уапсен на скопски аеродром
Објавено на 15 јули, 2019 во 14:49
Триесет и шест годишниот З. Б од Велес бил уапсен во саботата на 13 јули во 18.30 часот веднаш штом влегол на граничниот премин „Меѓународен aеродром- Скопје“.
Велешанецот бил лишен од слобода на влез во Република Северна Македонија по извршена пасошка контрола и оперативна проверка.
По приведувањето З.Б во 22,00 часот бил предаден на полициска станица Aеродром за спроведување до КПУ Затвор Скопје, пишува во билтенот на Министерството за внатрешни работи./У.Ј