Еден новоинфициран велешанец од „Ковид 19“ и еден транспортиран, со влошена здравствена состојба, на Инфективна клиника во Скопје
12.05.2020
Со позитивен тест на „Ковид 19“ во Велес, денеска, е еден сограѓанин додека поради влошена здравствена состојба по неколкудневно лекување од Инфективното одделение во велешката болница е префрлен 57 годишен маж со влошена здравствена состојба на Инфективната клиника во Скопје. Исто така од Инфективното одделение на ЈЗУ Општа болница Велес е испишан еден пациент кој покажал симптоми што укажувале на можна инфекција на коронавирус но резултатите од двата земени брисови се негативни.
Денеска на Инфективното одделение се лекуваат 23 пациенти со позитивни тестови на коронавирус. Бројот на активни случаи на коронавирус во Велес изнесува 50.
Во излекувани од вирусот се бројат тројцата здравствени работници од Центарот за јавно здравје во Велес. И вториот нивни тест е негативен.
Според министерството за здравство денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти. Тројца од нив се од Скопје и двајца од Неготино.
Во изминатите 24 часа во државата направени се 189 тестирања, а потврдени се 10 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-6, Куманово-2, Прилеп-1, Велес-1. Досега во земјата се направени вкупно 19430 тестирања на ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Делчево на 60 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 29 април.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1674, бројката на оздравени пациенти е 1205, на починати е 92, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 377./У.Ј