Седуммина пијани велешани возеле превозни средства додека четворица во Кавадарци, казнети и 49 граѓани без заштитни маски
30.11.2020
Во саботата, на 28 ноември во временскиот период од 18.00 до 24.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Полициските службеници од сообраќајната полиција откриле 11 прекршоци.
Седуммина пијани велешани возеле превозни средства додека четворица во Кавадарци.
-Против овие лица ке бидат поднесени соодветни пријави, рече портпаролот Верољуб Додевски
Во изминатите 24 часа за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се вкупно 49 лица на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес. Од страна на полициски службеници на Полициска станица Велес се 27 граѓани без заштитни маски, во Кавадарци 15 и седум во Неготино. Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки, соопшти СВР Велес.
Стоилко Андреевски
