Почината ковид пациентка и испишани седум оздравени пациенти од велешка болница
Објавено на 17 декември, 2020 во 17:11
17.11.2020
Утрово почина пациентка на 77 годишна возраст, лекувана на Инфективно одделение во велешка болница откако еден ден,претходно била хоспитализирана на Интерно одделение.
Во велешка болница денеска вкупно се хоспитализирани 54 квид пациенти , од кои 46 се потврдено позитивни и осум се непотврдени.
На кислородна поддршка се 23 пациенти.
Најголем број од ковид пациентите поточно 40 се лекуваат на Инфективно, девет на Физикална и пет на Интерно одделение.
Последниве се со негативни резултати но сеуште зависни од болничка нега и здравствени услуги.
Денеска од болницата испишани се седум пациенти како оздравени, со по еден негативен брис.
Стоилко Андреевски