Приведени двајца велешани при купопродажба на хероин
25.01.2021
Во текот на изминатото деноноќие, уапсени се двајца велешани при купопродажба на хероин.
– На 24.01.2021 во 11:30 и 12.40 часот во Велес, во рамки на оперативна акција од полициски службениви од отсекот а недозволена трговија при Сектор за внатрешни работи Велес, биле лишени од слобода А.Н.(47) и И.Ѓ.(43) двајцата од Велес. – соопшти Верољуб Додевски, потпаролот на Секторот за внатрешни работи-Велес.
При извршениот претрес во домот на А.Н. затегнат е И.Ѓ. при купопродажба на наркотична дрога-хероин од прво пријавениот кој му овозможил и конзумација на истата. Пронајдени и одземени се пари, две пакувања на хероин и шест таблети.
За настанот е известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Стефани Манева
#СВР-Велес #НаркотичнаДрога #Хероин #Купопродажба #ЈавенОбвинител