25 ковид пациенти во велешката болница, седум од нив на кислородна поддршка
Објавено на 25 јануари, 2021 во 13:30
25.01.2021
Во Општа болница Велес, денеска се хоспитализирани 25 ковид-пациенти.
-Од хоспитализираните пациенти, 19 се потврдени позитивни, четири сомнителни и двајца пациенти се со негативен тест, но задржани на болничко лекување. – соопшти д-р Елеонора Јованова.
Од болничките 25 пациенти, на Инфективно Одделение се 22 додека на Интерно Одделение се само тројца пациенти.
На кислородна поддршка има вкупно седум пациенти.
Стефани Манева
#ОпштаБолницаВелес #Ковид-19 #ИнфективноОдделение #ИнтерноОдделение #КислороднаПоддршка