СВР Велес: Две тепачки и казни за 32 велешани што не носеле заштитна маска

Објавено на 5 март, 2021 во 11:29

velesodavioncentar

05.03.2021

На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, пријавени се две тепачки во текот на вчерашниот ден. Првата се случила околу 18:00 часот кога едно физичко лице го нападнало С.Т. (82) од Велес, по што настанала физичка пресметка помеѓу него и синот на С.Т.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Втората тепачка се случила час и половина подоцна кога во двор на куќа настанала физичка пресметка помеѓу Л.Х.(43) и Б.У.(43).

Во текот на денот во период од 07:00 до 12:00 спроведена е и акциска контрола на возачи кои не го почитуваат превенството на минување. Регистрирани се седум прекршоци од кои три во Велес и четири во Кавадарци.

За Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 53 лица и тоа 32 од Велес, 13 Кавадарци и осум од Неготино. Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.