СВР Велес: Акциска контрола на пешаци кои прават прекршоци и 18 велешани казнети за не носење на маска
Објавено на 10 март, 2021 во 13:24
10.03.2021
На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, во период од 08:00 до 13:00 часот, во вторник, била спроведена акциска контрола на прекршоците кои ги прават пешаците. Регистрирани се вкупно 18 прекршоци од кои 10 во Велес, четири во Кавадарци и четири во Неготино.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
Во текот на истиот ден, за Уредбата за носење на лична заштита, евидентирани се 39 граѓани. Во Велес 18, во Кавадарци 16 и пет во Неготино.
Се апелира до сите граѓани, да ги почитуваат мерките кои се донесени од страна на Министерство за здравство, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
Стефани Манева