СВР Велес: Акциска контрола на возачи кои возат побрзо од дозволеното и шест велешани казнети за не носење маска
Објавено на 22 март, 2021 во 09:25
22.03.2021
На подрачјето на Велес, за време на викендот , била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Регистрирани се вкупно четири прекрошоци.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
Во текот на последното деноноќие, за непочитување на забраната за движење за време на полициски час кој трае од 22:00 до 05:00 часот, нема евидентирано лица. Додека за Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 11 лица од кои шест во Велес и пет во Кавадрци.
Се апелира до сите граѓани да ги продолжат да ги почитуваат воведените мерки од страна на Министерство за здравство, со цел да се спречи брзото ширење на корона вирусот.
Стефани Манева