Единаесет ново примени велешани со ковид-19 во градската Општа болница
Објавено на 22 март, 2021 во 16:46
22.03.2021
Во изминатите 24 часа за 11 пациенти е зголемен бројот на ковид болни во Велес. Денеска вкупниот број на хоспитализирани пациенти изнесува 77, од кои 56 се потврдено позитивни, 15 сомнителни и шест пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 35 пациенти или тројца повеќе од вчера.
Најголем број од лежечките пациенти се лекуваат на Инфективно одделение поточно 42, во Модуларна болница 23 и на Интерно 12 пациенти, соопшти портпаролката на болницата д-р Елеонора Јованова.
Убавка Јаневска