СВР Велес: Еден велешанец не го почитувал полицискиот час , 10 граѓани не носеле маска
Објавено на 23 март, 2021 во 09:42
23.03.2021
Спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната на подрачјето на Велес, во период од 08:00 до 16:00 часот, во текот на вчерашниот ден. Регистрирани се вкупно шест прекршоци кои ќе бидат санкционирани со соодветни пријави.
Во текот на истиот ден, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се вкупно 22 лица. Од нив 10 во Велес, девет во Кавадарци и три во Неготино.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
За непочитување на забраната за движење за време на полициски час регистрирано е само едно лице во Велес.
Стефани Манева