СВР Велес: Акциска контрола на прекшоци кои ги прават пешаците и 22 лица кои не ја почитуваат Уредбата за носење на заштитна маска

Објавено на 25 март, 2021 во 10:02

Veles

25.03.2021

На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, од 08:00 до 13:00, вчера, била спроведена акциска контрола на прекшоци кои ги прават пешаците. При оваа контрола регитрирани се 20 прекшоци од кои шест во Велес, девет во Кавадарци и пет во Неготино.

Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.

Во текот на изминатото деноноќие, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се 22 лица. Во Велес 13 и девет во Кавадарци.

За непочитување на забраната за движење за време на полициски час, евидентирано е само едно лице во Велес.

Се апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките кои водат до спречување на корона вирусот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.