Детската градинка „Димче Мирчев“ стана дел од системот еко градинки
Го доби највисокото признание од областа на екологијата ,,Зеленото знаме“. Со ова признание се закити благодарените на бројните едукативни активности спроведени во шесте клона на градинката, почитувајќи ги европските еко стандарди, заштеда на вода, заштеда на струја, убав и чисто уреден двор и убава внатрешност на објектот.
– Ова е одржлив проект, така да ние продолжуваме со активности од оваа област. До целта не донесоа бројни активности како што се собирање на хартија и пластика, акција во која учествуваа децата, наставниците, родителите и граѓаните од непосредната околина, рече Маја Велиновска, координатор на еко проект.
Толку мали а веќе знаат дека се дел од природата и како да ја заштитат животната средина. Децата од градинката ни изрецитираа стихови на тема екологија.
„Дворот ни светка за чиста петка.“ „Енергијата многу вреди, затоа треба да се штеди.“ „Хартија и пластика збирам за да ја рециклирам“.
За да растат и уживаат во своите најсреќни моменти од животот, надлежните се обидоа да создадат пристојни и соодветни услови за престој. Реконструирани се речиси сите објекти, старите прозорци се заменети со нови, а обезбедени се и дополнителни реквизити за спортски и други активности.
Градинката годинава, акцент ќе стави на здравата храна, како услов за здрав живот, па дел од објектите ќе биде преадаптирани во простор за производство./Д.С