Осуден поранешниот директор на велешката Туланица, Киро Камчев
„Не сум виновен, бидејќи не сторив кривично дело“. Вака пред велешкиот суд се бранел поранешниот директор на велешката тулана Киро Камчев каде одговарал за злоушотреба на службената положба. Сепак судот го прогласи за виновен, му одреди една година казна затвор и да врати 67 илјади евра на оштетен доверител.
Во пресудата, судиката Тања Милева напишала дека обвинетиот продал голема количина цигли која со извршител требало да бидат оттуѓени од фабриката и доделени на прилепската фирма Центар Б и Ј како наплата за долг кој фабриката го имала кон доверителот.
Тој како председател на управниот одбор потпишал дека циглите може да се продадат иако имало забрана да располага со нив.
Од вкупно 204 илјади прачиња, преку извршител биле одземени само мал дел додека 151 илјада останале во кругот на фабриката и тие биле продадени.
Кривичното дело Камчев го извршил во период од речиси две години од 2009 до 2011. Инаку пресудата се уште не е правосилна. Во меѓувреме против него во судот се водат уште неколку постапки, но епилог за сега нема. Б.Н.