Отворен ден на Централниот регистар за велешани
Измените за законот на трговски друштва со кои се овозможи регистрација на фирма со само еден чекор за нула денари и системот за е – потврди кој служи за да го олесни пристапот до информациите кои ги нуди Централниот регистар, посебно до потврдите кои се потребни за учество во јавни набавки, беа денеска промовирани во Велес на отворениот ден на институцијата.
– Централниот регистер по втор пат организира отворени денови на кои граѓаните можат да се информираат за сите прашања за работата на централниот регистар. Посебен акцент се става на новите услуги и проектите кои во последно време ги има преземено Централниот регистар, рече Жаклина Танушевска советник во Центарлен регистар на РМ.
Овој систем овозможува електронска нарачка на документи и нивно преземање или во електронска форма или пак во хартиена форма. Денеска во општина Велес се одржа презентација и обука на електронско поднесување на годишни сметки за 2013 година. /Б.Н