Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Мајка на три малолетни деца, вратена пред четири месеци од затвор, очајно бара помош за обезбедување на социјален стан во Велес. Центарот за социјални работи на Моника и го вратил родителското право но, жената нема дом за да ги земе децата кај себе. Таа вели дека едвај се помирила со судската неправда и четири годишната затворска казна па сега не сака дополнително да биде раздвоена од децата во колку се оддолжи постапката за решавање на нејзината молба што ја доставила до надлежната комисија во министерството за труд и социјална политика.

„ Не сакам повеќе никој да си игра со мојата и судбината на моите деца. Неправедно бев осудена затоа што мојот сопруг ме вмешал во кривично дело, киднапирање на малолетничка, за кое најодговорно ви тврдам дека не ни знаев дека го сторил. Сакам да си ги приберам децата со мене затоа што немам доверба во жената што го имаше правото да се грижи за нив  додека јас ја издржував затворската казна. Моите деца не можат да живеат со мене само затоа што немам покрив над глава. Од Центарот за социјални работи ми рекоа да барам работа но каде да ја најдам иако активно во Бирото за вработување сум пријавена од септември, лани. И се пријавував на слободни работни места, конкурирав, но досега не добив одговор дека сум примена на работа. И почнав да се сомневам дека ќе ме вработат,“ рече Моника.

Таа вели дека не се чувствува како криминалец и никогаш не би извршила криминално дело. Никогаш не би превзела одговорност за незаконско вселување во стан иако знае дека во Велес постојат празни станови за категоријата на социјално загрозени граѓани.

„Барам да добијам таков стан. Се да биде според закон со решение и клуч кој ќе ни овозможи мене и на децата да се вселиме и конечно да можам да се грижам за нив. Јас сум нивната мајка која им посакува безгрижен живот, во секое време сака да знае каде се тие, да ги гледа и чува од опасности, да се радува на нивните успеси. Јас сега тоа не го можам ниту пак моите деца бидејќи тие живеат кај баба им а мене ме прифатија роднините,“ рече Моника.

Од Центарот за социјални работи велат дека го знаат случајот на оваа велешанка. Службите и досега и помагале а тоа ќе го стореле и понатаму. Нејзината молба била испратена до комисијата на министерството за труд и социјална политика. На нејзината одлука ќе требало да се чека два до три месеци па затоа на Моника и одобриле еднократна помош за да побара стан под наем во кој ќе живее со трите малолетни деца. Во исто време и ги подготвиле документите со кои повторно требала да го побара додатокот за трето дете.

Моника не го одрекува досега стореното од страна на институцијата. Сепак смета дека тие најмногу ќе и помогнат тогаш кога ќе се реши нејзиното стамбено прашање од кое зависи моментот на новиот почеток на нејзиниот живот заедно со децата. Засега ускратено и е нејзиното мајчинско право своите три деца да ги има дваесет и четири часа покрај себе, да ги помилува, гледа,негува и да се грижи за нив. /У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново