Забавувајте се и бидете хумани со апликацијата на „Рековинст“
Популарната апликација во скандинавските земји од први април достапна и за компаниите и корисниците во Македонија. По детално истражување на македонскиот пазар сопствениците на шведската компанија „ Рековинст“ одлучија апликацијата да им ја стават на располагање и на македонските корисници на паметни телефони. „Рековинст“ е интересна апликација за смартфон и таблет како и за корисници на андроид и apple оперативниот систем и таа е од интерактивен карактер.
На корисниците им нуди забавни игри, со одговари на логични прашања а за тоа да бидат наградени од Фондот на компанијата. Во исто време „Рековинст“ е и маркетинг агенција која обезбедува финансиски средства од огласи и реклами на самата апликација. Станува збор за апликацијата која што има хуман карактер и дел од средтсвата што компанијата ги заработува преку апликацијата ги наменува за помош на децата заболени од канцер.
„Македонија не е сосема случајно избрана да ја донесеме својата одлука и токму тука да ја започнеме нашата инвестиција. Иако сум роден во Шведска и целиот свој живот го поминувам таму, сепак моите корени се од тука и чувствувам долг кон оваа земја. Не само што сакаме да допринесеме за развој на бизнис климата со вработување на луѓе во компанијата туку и да помогнеме на децата со канцер. И токму затоа оваа иновативна и креативна бизнис идеја ја реализираме во Македонија“, рече сопственикот на Рековинст Горан Змејковски.
Рековинст е кованица од два шведски зборови кои значат сигурна победа. Токму сигурна победа на клиентите, корисниците на апликацијата и самото општество најавува македонскиот тим на Рековинст.
„Истражувајќи го пазарот сопствениците на Рековинст сметаат дека токму во Македонија треба да започнат бизнис поради климата и пред се поради потребата да се помогне на заболените од канцер деца во државата. Хуманата страна ни е основен концепт, голем дел од средствата кои компанија ќе ги заработи да ги преотстапи на заедницата преку помош наменета за оваа категорија на деца па и на други целни групи“, рече Елена Чичевска Наумова.
Македонскиот тим на Рековинст со седиште во Велес го сочинуваат петмина вработени. Компанијата е со намера до крајот на годинава да вработи осудесет граѓани. /Д.С