СДСМ Велес: Зошто градоначалникот Чадиев не регираше за незаконитоста пред да тргнат учениците од Гимназија на екскурзија
На вчерашната изјава на градоначалникот Чадиев во врска со незаконски организираната екскурзија во Гимназијата, Социјалдемократскиот сојуз денеска излезе со писмена реакција. Социјалдемократите го прашуваат Чадиев зошто го чекал првиот работен ден од неделата за да испрати вонреден инспекциски надзор и зошто дозволил учениците да заминат на ексурзија ден пред тоа.
Тие информираат дека одлуката за избор на фирма автопревозник не е правосилна бидејќи се уште е во тек законскиот рок за жалба од осум дена. Во писмената реакција соопштуваат дека на тој начин градоначалникот ја признава незаконитоста што ја направил директорот на Гимназијата.
Опозицијата прашува зошто градоначалникот не реагирал на реакциите на родителите на учениците и дозволил тие да заминат на екскурзија. Тие сметаат дека Чадиев имал обврска да реагира и да ја санкционира незаконската постапка за организирање на ученичката екскурзија. Преку писмената реакција повторно го повикуваат Чадиев да го разреши директорот на Гимназијата за да не стане соучесник во незаконските дејствија поврзани со организирањето на екскурзијата./Д.С