Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Бркотница како од филмско сценарио се случувала вчера попладне на автопатот Градско-Скопје кај Штипска клучка. Полициски службеници се обиделе да запрат два автомобила „мерцедес“ и „ауди“, но возачите не ја испочитувале наредбата па со голема брзина се упатиле кон Велес. При обидот да избегаат едниот автомобил се придвижоил кон полицајците и на еден од нив му ја прегазил ногата.

Во тој момент другиот полицаец ја репетирал автоматската пушка и дал наредба да запре но истиот со возилото се упатил кон него. Сакајќи да го избегне, враќајки се наназад полицаецот паднал на коловозот и при падот испукал три предупредувачки истрели во воздух и еден куршум во предното лево тркало, по што аудито со голема брзина се упатило кон Скопје. Кај скопското село Мралино автомобилот бил сопрен и двете лица биле приведени.

Едниот од нив е триесет и три годишен скопјанец кој се здобил со две прострелни рани и бил пренесен во Ургентен центар Скопје, додека другиот е триесет и едно годишен жител на Скопје и тој е приведен во полициска станица Гази Баба. Се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново