Запалени ноќеска автомобилите на двајца велешани – нивни сосед го видел потпалувачот како бега
Глетка на изгорени предници на два автомобили од марките „фолсфаген голф“ и „опел корса“, со велешки регистерски таблички, не затекна на улицата „Архиепископ Михаил“, паркирани пред редот на куќи со редни броеви 75 и 79 во Велес. Тие се епилог на пожарот што ноќеска околу 3 часот го подметнал засега непознат сторител. Опел корсата е во сопственост на велешанецот Марјан Абрашев додека голфот е на Димче Николов, сопственик на продавниците „МИА“. Сопругата на Марјан околу 3 часот по полноќ, преку прозорецот на нивната спална соба, слушнала дека нешто гори на улицата. Го разбудила сопругот и тие заедно виделе како горат нивниот и автомобилот на соседот.
„Веднаш викнав кај Диме, ги разбудив и прво почнавме да гасиме со противпожарни апарати. Ги потрошивме и потоа уклучивме црева за вода и земавме кофи. Но сами не успеавме. Пожарите целосно ги угасија пожарникарите штом стигнаа со противпожарното возило. Штетата е огромна, колку што ми е проценето дека чини возилото затоа што е запален делот кај моторот. Штом гори предницата на авомобилот толку е од неговата употребливост. Имаме индиции очекуваме полицијата да го расветли пожарот. Надеж дека ќе се открие сторителот се камерите на ООУ Кирил и Методи и на детската градинка Димче Мирчев,“ рече Абрашев.
„Еден сосед се враќал дома во времето кога се запалени автомобилите. Според неговиот исказ станува збор за лица на четириесеттгодишна возраст кој имал долга коса како избегал по сокаците. Се сомневаме на можен сторител. Моето семејство има добивано закани за што е информирана полицијата. И нема да молчиме, “ рече Николов.
Двајцата соседи се спорат со трет сосед на истата улица. Сега ги очекуваат резултатите од истрагата по увидот што екипата на СВР Велес го направила на местото на пожарот. Се надеваат дека ќе помогат снимките од видео надзорот поставен на клонот на детската градинка и на основното училиште.
За еден месец ова е втор пожар во кој се запалени автомобили во Велес. Во првиот настрада приватното возило на командирот на велешката полиција Димче Ѓуров. Досега не се откриени сторителите на пожарите на возилата на петмина велешани поточно на судијка и на судија, на поранешниот претседател на Основниот суд во Велес, на директор на фирма и на заменик командир на СВР Велес.
Убавка Јаневска