Украсете ги вашите домови, згради и излози, општина Велес ќе наградува!

Објавено на 10 декември, 2012 во 18:29

За најубавите новогодишно – божиќни дворови, тераси и излози по 15 илјади денари.

Граѓаните кои со украсувањето на излозите на дуќаните, дворовите во куќите и терасите на зградите ќе придонесат за празничната атмосфера ќе се натпреваруваат за наградите што ќе ги додели општина Велес. Трите најубаво украсени ќе добијат награда. Тоа значи по 15 илјади денари за двор, за тераса и за излог на дуќан.

Затоа до 20 декември, годинава, потребно е граѓаните штом ги украсат своите домови или излози на дуќани  да направат фотографии или да ги снимат со камера и заедно со личните податоци како и адресата со фиксен или мобилен телефон да ги испратат на општината.  Освен по пошта до Општина Велес ул. „Панко Брашнар“ бр.1 со назнака за Комисија за празнична илуминација, предлозите, можат да се испратат и на e-mail [email protected]

За да се влезе во конкуренција за најубава илуминација се пополнува пријава.

Комисијата ќе ги разгледа и ќе одлучи а наградите на најуспешните, во трите категории, ќе се доделат на новогодишната свеченост што општина Велес ќе ја организира на 27 декември, годинава.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.