Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Советниците од опозицијата во велешкиот Совет на општината ,предводена од ВМРО ДПМНЕ, воопшто не учествуваат во работата на комисиите. На самиот почеток на работа на Советот на општината прво под изговор дека немале доволно застапени членови во Комисиите кога сеуште траеше процесот на формирање и потоа штом според законот беа формирани одбија да учествуваат под изговори што не се поврзани со Општина Велес, Советот и проблемите на Велешани, се пожалија денеска од локалната власт во Велес.

- Со ова покажуваат неодговорност спрема добиените позиции, спрема граѓаните на Велес а сепак народните пари ги земаат без никаква забелешка, рече координаторката на советничката група на СДСМ, Весна Стојанова Богоевска.

На денешната прес конференција таа потсети дека информацијата ја споделуваат согласно транспарентноста, отчетноста и отворениот пристап како дел од основните партиски и коалициски принципи. Исто така обраќајки им се на граѓаните Стојанова Богоевска го најави секој вторник за приемен ден на граѓаните давајќи им можност да им ги соопштат своите проблеми.

- Секој вторник од 12 до 14 часот во просториите на Општина Велес.Секој жител на општина Велес кој се соочува со проблеми што се во ингеренција на локалната самоуправа може да дојде на разговор со советниците и заедно дa бараме и пронаоѓаме решенија на граѓанските проблемите. На приемните денови граѓаните истотака можат да ги споделат и своите идеи и размислувања за подобрување на животот во Локалната самоуправа, додаде Стојанова Богоевска.

Велешани за средбите со советниците од Советничката група на СДСМ и коалиционите партнери пожелно е претходно да закажат термин на телефонскиот број 043 232-406. Од оваа советничка група најавија дека во следниот период граѓаните исто така ќе бидат информирани и за тековното работење на Советот и за сите прашања кои се во интерес на граѓаните на Општина Велес./У.Ј

Поврзани вести

 

Најново