Втора сесија на Форумот на заедниците за „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ во Вардарски плански регион
Седум концепт идеи денеска промовираа учесниците на вториот регионален форум кој е дел од проектот “Одржлив и инклизивен рамномерен регионален развој”, во Вардарски плански регион. Најголем дел од нив се однесуваа на заштитата на животната средина, развој на туризмот преку маркирање на велосипедски и пешачки патеки, изградба на скејт парк , развој на туристички дестинации, заштита на предел за развој на екстремни спортови, за опремување на Младински бизнис иновативен центар, реставрација на градските зидини на Стоби и реставрација на владетелска палата од IV век п.н.е на локалитет Била Зора како и поставување контејнери (подземни) за селектирање на отпад и набавка на возила за транспорт на селектираниот отпад.
Најголем дел од нив во формирани групи кои ги претставуваат општините, јавните институции и граѓанските организации , по презентацијата, добија сугестии за надополнување со активности. На дел им беше сугерирано да се спојат кон други за да се формираат целини кои имаат меѓусебна поврзаност.
На третата форумска сесија што ќе се одржи на 25 февруари ќе биде донесена конечната одлука кои три концепт идеи ќе бидат избрани и предложени за финансирање од страна на Вардарскиот плански регион во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка и Министертвото за локална соработка, во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”./У.Ј