Верижен судир на локалниот пат кон село Иванковци
Тројца патници, кои патувале во ист автомобил, се повредени во верижен судир што утрово, петок, 17 јануари се случи на локалниот пат кон село Иванковци и во кој учествувале вкупно пет возила. Повредените патници се здобиле со лесни телесни повреди. На местото на несреќата, во непосредна близина на селските гробишта, интервенирала една екипа со едно возило на Итната медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.
– Повредените по пружената прва помош, на местото на несреќата, од страна на медицинската екипата се пренесени во Ургентниот центар на ЈЗУ Општа болница Велес со цел за натамошна опсервација и третман, рече д-р Страхил Тодоров портпаролот на Здравствен дом Велес.
Сообраќајката ја предизвикал судирот на автомобил во комбе, кое пак претходно се удрило во друго комбе
– Станува збор за тројца жители на село Иванковци, М.К (67), М.Ѓ (59) и Д.М.(55) години, возач на автомобилот, на кои итно им беа направени рентген снимање и лабараториски испитувања. На еден од пациентите му беше направена компјутерска томографија на глава и врат. Лекарите констатираа само полесни телесни повреди,но сепак се хоспитализирани поради опсервација на Одделението за хирушки болести, информира д-р Тодор Јаковлевски портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес.
Сообраќајната несреќа е евидентирана во Центарот за кризи со време на случување околу 8 часот и причина дека возилата дошле на дел од патот кој имал замрзнат коловоз./У.Ј