Се укина полицискиот час и се случи прва тепачка во Велес
Објавено на 28 мај, 2020 во 10:29
28.05.2020
Тројца велешани, двајца млади и еден повозрасен, синоќа околу 23.30 часот расчистувале сметки на ул.„Благој Ѓорев“, кај бензинска пумпа во Велес. Прво имале кратка расправија па потоа и физичка пресметка.
– Во расправијата и физичката пресметка учествувале Г.П.(28) и В.Д.(19) од една и од друга страна Д.П.(55). По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава, рече Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес./У.Ј