Еден новозаразен и двајца оздравени од Ковид 19 во Велес
3.07.2020
Во изминатите 24 часа еден велешанец е новозаразен кој се инфицирал од член на неговото семејство. За оздравени се регистрирани двајца сограѓанин.
Од почетокот на епидемијата до денес во Велес се регистрирани вкупно 189 заразени, од кои 136 се излекувани, 13 се починати и во моментов се активни 40 случаи.
Од активните случаи 28 граѓани се лекуваат во домашни услови додека 12 на инфективното одделение на велешката болница.
-Новозаболениот пет, шест дена се наоѓал во домашна изолација, сега е потврдено дека и тој е инфициран. Утрово на болничко лекување се наоѓаат 16 пациенти и од нив 14 се позитивни и за двајца се чекаат резултати. Од вкупниот број на болничко згрижени седумина се жители на Општина Велес и 7 се од село Горно Јаболчиште во Општина Чашка, еден е од Градско и еден од Кавадарци. Двајца од кластерот полициски службеници се лекуваат болнички додека еден во домашни услови, рече Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски на денешната прес конференција./У.Ј