Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

VelespanoramaJavoricentar fin

24.09.2020
Во последните 24 часа регистрирано е едно новозаразено лице со коронавирус во Велес. Институтот за јавно здравје регистрира четворица оздравени сограѓани.На Инфективно одделение во Општа болница се лекуваат 19 пациенти.

- Од нив 11 се велешани, четворица од Кавадарци, двајца од Свети Николе и по еден од Неготино и од Валандово.  Од вкупниот број на лежечки пациенти 17 се позитивни на коронавирус додека за двајца се чекаат резултати. Денеска е испишан еден оздравен пациент со два негативни тестови. Во моментов на кислородна поддршка се тројца пасиенти, рече д-р Весна Николовска Неделкова портпарол на Општа болница Велес.

Во општините на вардарски плански регион, во изминатите 24 часа, инфицирани се и две лица од Кавадарци и три во Свети Николе каде има и еден оздравен пациент од коронавирус.

Во регионот најголем број на заразени има во Свети Николе 322 од кои активни се 22 лица иако градот добро се држеше на почетокот на прогласената епидемија. Во Велес досега од инфективното заболување се заразиле вкупно 313 лица и активни се 35 лица. Во Кавадарци вкупниот број на инфицирани изнесува 222 а од нив активни се 37 лица. Во Неготино досега се заразени 38 од кои активни се 2 лица додека во Демир Капија бројот на инфицирани изнесува 11 лица./С.А

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново