Во последните седум дена постојано се искачува црниот биланс на ковид жрвтви во велешко
27.10.2020
Со тројцата починати, ноќеска и рано утринава, вкупно 27 велешани ја изгубија битката со коронавирусот од почетокот на епидемијата во држвата. Најкритичен според статистичките податоци е периодот од 20 октомври до денеска, 27 октомври, кога за седум дена починаа 13 граѓани заболени од коронавирус.
Дванаесет од нив битката со болеста ја изгубија во велешката болница и еден на Инфективната клиника во Скопје. Најмлад е ноќва починатиот Игор Ангеловски кој имаше 41 година. Поранешниот началник на СВР Велес, за време на техничката влада, немал хронични заболувања. По седумдневно лекување во велешката болница на 14 октомври итно бил пренесен на Инфективната клиника во Скопје поради нагло влошување на дишењето каде според лекарите 13 дена се борел со вирусот што ноќеска околу полноќ сепак не успеал да го победи.
Во раните утрински часови и две жени од Велес ја изгубија битката со Ковид 19. Една на 57 години и друга на 86 години кои имале хронични заболувања. Тие се дванаесетата и тринаесетата жртва во велешко. Вчера на инфективното одделение во Велес почина и 58 годишен свештеник на МПЦ од Богомила.
Во моментов во велешката болница, на инфективното одделение, се лекуваат 41 пациенти од корона вирус а од нив 15 се на кислородна поддршка.
Тие, исто така, се потврда за сериозноста на заразната болест која може да биде кобна за сечиј живот.
Затоа граѓаните треба сериозно да ги сватат препораките на лекарите и здравствените власти за задолжително носење на маса, редовно миење и дезинфицирање на рацете, како и да ги почитуваат препораките за физичка дистанца од најмалку 1,5 метри, да избегнуваат групирања, седенки и прослави на родендени, свадби, крштевки, слави и друг вид на собирања.
Седењето дома, во кругот на семејството, како и максималната заштита на лицето, очите, носот при излегување од дома за набавки на храна и други производи се најголема гаранција за заштита од опасниот вирус веднаш по појавата прогласен за тивок убиец на луѓето. /У.Ј