Велешка архитектонска фирмата победи на Интернационален архитектонско – урбанистички конкурс во Црна Гора (фото)
Идејното решение на велешката архитектонска фирма „Архитектура нова“ е избрано за најдобро, во конкуренција на 12 пристигнати труда од регионот, на конкус за станбено- деловни објекти и подземна гаража во Црна Гора. Конкурсот го распиша, минатата година во септември, Универзитетот во Црна Гора. Идејното решение на „Архитектура нова“ беше потпишано со шифра 1400.
Станува збор за идејно решение кое што е архитектонски труд на авторите Марија Димитриевска Цилакова, Викторија Богданова, Даница Спасевска, Милка Гочевска и Маја Никова. Трудот е бодиран со 92 од вкупно 100 бодови преку кои се вреднуваат просторни, естетски, еколошки и економски критериуми.
„Станува збор за комплексна локација во склоп на Универзитетскиот Кампус во Подгорица каде се бележи забрзан развој на градење во последните години,“ потврдија за Дума.мк од фирмата „Архитектура нова“.
Вкупниот награден фонд на конкурсот изнесува 70.247,93 ЕУР. За наградите одлучуваше стручно жири составено од реномирани архитекти од регионот и меѓу нив респектабилниот „Идрис Турато“ од Хрватска.
Исто така, третата награда на конкурсот ја освои тим на македонски архитекти составен од Александар Симјаноски, Христијан Ивановски и Фросина Станковска. И во овој тим има велешанец.Тоа е архитектот Христијан Ивановски. Неговиот и трудот на колегите од тимот освои 70 бодови.
Убавка Јаневска