Велешкиот граѓански сектор на дводневна обука за преточување на приоритетите на општината во проекти
Петнаесетина граѓански организации од Велес покажаа интерес приоритетите на општината да ги напишат во проекти и за нивни решенија да обезбедат финансиски средства од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD2) за 2023 година.
Граѓанските организации од Велес на дводневната обука во Општина Велес посочија дека проектите што ќе ги подготвуваат ќе се однесуваат на областите заштита на животна средина, социјална заштита,млади и култура и туризам.
Вредноста на проектите изнесува до 30.000 евра и времетраењето на реализацијата на проектите помеѓу шест и 12 месеци.
Проектот има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество за негово активно учество во процесот на денесување одлуки.
Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD2) е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Убавка Јаневска