Во еден ден тројца Кавадарчани извршиле семејно насилство – над сопруга, татко и тетка

Објавено: 9 јануари, 2026, во 14:14 часот

Сите тројца Кавадарчани вчера во попладневните часови завршиле во Полициска станица на Одделение за внатрешни работи во Кавадарци.

Првиот, на 39 годишна возраст,  затоа што во 14: 55 часот, во семејниот дом, се заканувал на неговата 63-годишна тетка и со остар предмет оштетил предмети во домот.

-Предметот е пронајден и одземен, а тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.

Вториот Кавадарчанец на возраст од 37 години бил лишен од слобода во  16:20 часот затоа што во семејниот дом се обидел со дрвен предмет да ја нападне неговата една година постара сопруга.

Третиот Кавадарчанец на возраст од 33 години завршил во полициска станица во 18:15 часот откако во семејниот дом се заканувал на неговиот 57-годишен татко и се обидел да го нападне со дрвен предмет.

-Тие се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настаните против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.