Возач се здобил со лесни телесни повреди при сообраќајна незгода во Велес

Објавено на 25 јули, 2022 во 12:04

Дваесет и осум годишниот Ј.Џ од село Горно Оризари, велешко, се здобил со лесни телесни повреди откако на улица „Ристо Попов“ со патничко возило „бмв“ со австриски национални ознаки излетал од патот.  Сообраќајната незгода била пријавена во Сектор за внатрешни работи Велес на 23 јули, саботата, околу 23:00 часот и возачот бил пренесен во велешката болница околу 23:20 часот.

-Лицето е донесено во ЈЗУ Општа болница Велес и по направените прегледи констатирани му се лесни телесни повреди поточно нагмеченици на надлактица и гребатини. По извршените прегледи пуштен е на домашно лекување, рече д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на велешка болница.

Увид на местото на сообраќајната незгода извршила увидна екипа од СВР Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.