Засилувањето на КК “Фени“ стигна во Кавадарци
КК „Фени Индустри“ денеска на прес конференција ги обелодени новите промени во клубот.
Беа претставени новиот шеф на стручниот штаб Миодраг Кадија од Црна Гораи новите играчи Никола Вичуровиќ од Србија, Кори Мекинтош и Каран Калхун од САД. Со овие засилувања КК „Фени Индустри“ ќе има што да покаже во завршните натпревари од македонското првенство и ќе се бори за нови победи и спортски успеси.Прес конфренцијата ја отвори тим менаџерот на клубот Трајче Попов, кој рече дека по бурниот зимски празничен период, конечно тимот се стабилизира со доаѓањето на новиот тренер Миодраг Кадија и новите засилувања, Кори Мекинтош, Никола Вучуровиќ и Каран Калхун.
Кадија беше и првиот кој што одговараше на прашањата на македонските медиуми. Тој со себе носи добри спомени од Кавадарци во периодот кога го предводеше тимот на Струмица.
“Имам убави спомени од овде, полна сала, добар народ, убав град. Се надевам и мислам дека можеме да направиме добар резултат овде, ќе се трудиме во овој период кој е пред нас да работиме максимално добро, ќе ни треба малку повеќе време, ќе ни треба и многу среќа, но јас се надевам дека ако добро работиме таа среќа ќе ја заслужиме и дека ќе направиме еден добар резултат“, рече Кадија.
Капитенот Горан Самарџиев е среќен поради доаѓањето на новиот тренер, за кого има високо мислење, иако очекува дека тимот ќе има мал проблем со воигрувањето.
Кори Мекинтош не доаѓа прв пат на Балканот. Неговите знаења пред се се базираат на игрите кои ги имал против Фени, и од разговорите со неговиот голем пријател, Доналд Кол кој своеверемно настапуваше во тимот на Фени Индустри. Доналд Кол ми кажа се, за градот, ми кажа се… Тој е добар човек. Го запознав Доналд на мечевите против Фени, и од тогаш станавме пријатели, останавме во контакт сите овие години. Кога потпишав за Фени му се јавив, а тој беше пресреќен за мене. Ми кажа дека луѓето се одлични, ситуацијата е добра, кошарката е добра, навивачите се одлични. Еден ден тој ми кажа дека навивачите можат сами да те однесат до титулата.
Никола Вучуровиќ не соработува прв пат со Кадија. Со Кадија соработував неколку пати. Добро запамптив што треба да работам, и нема да ми биде тешко да се вклопам во неговата филозофија.
Коран Калхун нема никакви познавања за Македонија, бидејќи во последен миг потпишал за Фени. Немам никакви познавања за Македонија, бидеќи дојдов овде во последна минута. Мекинтош ми кажа доста работи, знам за Бо Мекелеб кој игра во репрезентативниот дрес и тоа е се.
Работата на Кадија и квалитетот на новите засилувања навивачите на Фени ќе може да ги проверат веќе во текот на наредната недела за која се закажани неколку пријателски натпревари, и секако на меморијалниот турнир „Димитар Ѓорѓиев“ кој најверојатно ќе се оддржи во последниот викенд од месец јануари.