По поразот од ФК „Врапчиште“ фудбалерите на „Борец“ шанса да го прекинат лошиот серијал гледаат во дуелот со „Новаци“
Фудбалерите на Борец дадоа еден и примија два гола на средбата која ја одиграа како гости. Ова е четврта, последователна, средба во која екипата на велешкиот второлигаш е поразена.
Во првиот дел на натпреварот велешките првотимци имале добра тактика и му парирале на домаќинот. На полувреме резултатот бил нерешен. Почетокот на второто полувреме бил во знакот на играчите на Борец особено кога во 63-та минута со голот на Пановски велешани направиле гол разлика. Но, потоа следеле минути во кој домаќинот ја превзел играта и доминацијата на теренот. Така во 76-тата минута со голот на Менга бил изедначен реаултатот за четиринаесет минути подоцна гол да постигне и Неби со што екипата на Врапчиште слави победа со резултат 2:1.
Дали „Борец“ ќе заврши со лошата резултатска серија ќе се знае во сабота кога е домаќин на екипата на Новаци, на натпреварот од деветото коло на втората Лига. Двете екипи ќе играат на градскиот стадион во Велес. Домаќинот ја очекува поддршката на навивачите особено сега кога му доаѓа екипа која е рангирана на 12-тото место или на табелата се наоѓа две места подолу од фудбалерите на Борец./А.Д