Седум медали освоија велешките кајакари на државниот куп „Илинден“
Велешките кајакари редат успеси. Освоија седум медали на „Илинден“ купот кој се одржа во Велес. Најдобри резултати постигнаа во помладите категории.
Пионерите и младинците остварија тројна победа. Во пионерска конкуренција Енис Небиоски од велешкиот клуб Вардар го освои првото место, второто место го освои Христијан Игњатов од Вила Зора, а третото му припадна на Џенгис Небиоски од Вардар.
Кај младинците победи Стефан Кочов од Вардар, пред Панче Игњатов од Вила Зора и Александар Дамјанов од Бабуна.
Во сениорска конкуренција доминираа натпреварувачите од екипата на Гусар од Ниш. Со првото место се закити Милан Ѓорѓевиќ, веднаш по него се Немања Тодоровиќ и Зафир Јовановиќ од велешкиот клуб Гемиџии.
Кај дамите Кристина Петровиќ од нишки Гусар прва стигна на целта, пред Оља Лазаревиќ од Медицинар Ниш и Маја Лазаревиќ од истата екипа.
Седум екипи настапија на купот. Организатор беше кајак кану клубот „Вила Зора“, а покровител општина Велес./Д.С