Чешка го запре проучувањето на Спутник V
Чешкиот фармацевтски регулатор го запре проучувањето за руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ поради „недостиг на документација добиена од производителот“, изјави директорот на Државниот институт за контрола на лекови на Чешка , Ирена Сторова.
„Не добивме доволно документација од производителот во врска со Спутник V. Ние ја проучивме и дадовме соодветни коментари во нашите заклучоци во извештајот кој беше испратен до владата“, рече Сторовоа.
Документацијата за руската вакцина добиена од чешкиот фармацевтски регулатор содржи „десетици страници“, додека придружните материјали кои ги испраќаат производителите на слични препарати може да содржат десетици илјади страници, објасни таа.
Во исто време, директорката рече дека клиничките испитувања на „Спутник V“ не биле извршени и дека тие не се планирани во Чешка.
„Ниту еден официјален процес не е започнат. Не добивме барање од властите на земјата да спроведеме клинички испитувања на таа вакцина“, додаде таа.