Денеска пороен дожд и грмежи
Објавено на 20 август, 2021 во 09:25
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне и во вечерните часови претежно во јужните делови ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме и УВ индексот ќе изнесува 7.
Денес во попладневните и ноќните часови, како и утре времето ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, ветер над 60 км/час и услови за појава на град.
Потоа следува период на стабилно и потопло време.